Ова е голема работа за САД и американскиот бизнис тука, рече Агелер на македонски јазик на поставувањето камен темелник на Коридор 8

од Nikola Popovski

Ова е посебен ден за С. Македонија, за Западен Балкан и за цела Европа. почестена сум и возбудена сум што сум дел од оваа пригода, рече американската амбасадорка Анџела Агелер, која се обрати на македонски јазик на поставувањето на камен темелникот на проектот Коридор 8.

Според неа, ова е повеќе од една обична инвестиција во патиштата во земјава.

-Тоа е инвестиција во иднината на С. Македонија и иднината на сите земји поврзани со Коридорот 8 и пошироко. Уверена сум дека работите ќе се движат брзо и успешно и дека луѓето од регионот ќе бидат побрзо зближени и дека ќе им биде сосема пријатно на оваа современа патна мрежа, рече Агелер.

Таа додаде дека ова е голема работа за САД и американскиот бизнис во С. Македонија.

Слични содржини