Ова се петте најгорди знаци на зодијакот

од Stefanija Kuzmanovska

Сокривањето на гордоста, егото и ароганцијата за овие хороскопски знаци е невозможна мисија.

ЛАВ – има комплекс на бог

Егото на лавот е огромно. Тој ужива во внимание и обожава кога сите погледи се насочени кон него, но таквото однесување околината може да го доживее како суетност.

СКОРПИЈА – претерано е горда

Мистериозен и интригантен знак на зодијакот. Тешко ја прифаќа сопствената особина па се смета себеси за скромна личност, а не за горда каква што е навистина.

ОВЕН – горд и не го крие тоа

Не му недостасува самодоверба, не покажува ранливост и гордо крие сè што доживува како слабост. Колку и да е непријатна ситуацијата, Овенот ќе се обиде да го издржи тоа стоечки.

ЈАРЕЦ – егоист

Јарецот се крие зад огромното его од страв од осуда. Тој тешко се справува со критики, делува гордо и храбро за да ја прикрие својата личност. Многу е чувствителен, иако мрази да го покаже тоа.

БЛИЗНАЦИ – чиста гордост

Не им недостасува самодоверба. Се сметаат себеси за најпосебни и најталентирани на планетата. Не им се допаѓа кога им противречат и знаат да бидат злобни ако луѓето не се согласуваат со нив.

Слични содржини