Оваа намирница е исклучително хранлива, го стабилизира шеќерот и е извор на протеини

од Stefanija Kuzmanovska

Ако сте решиле да преминете на диета базирана повеќе на растителна храна, за да бидете подолго сити, да имате повеќе енергија и да консумирате протеини, ви препорачуваме да јадете грав, пишува „Пинк.рс“.

Ова не е единствената причина зошто гравот треба да биде на вашето мени.

Богат е со растителни влакна

Гравот е богат со растителни влакна, што го намалува нивото на холестерол и ги забрзува процесите на варење. Во комбинација со здрава исхрана и вежбање, тоа може да биде исклучително корисно, па доколку сакате да изгубите тежина, јадете грав барем неколку пати неделно.

Споро се вари

Оваа храна се вари доста бавно, што значи дека ви дава подолго чувство на ситост, така што нема да сакате да грицкате нешто наскоро после оброкот. Како резултат, нема да внесувате непотребни калории, па со текот на времето ќе забележите дека сте изгубиле неколку килограми.

Содржи малку калории

Гравот има исклучителна хранлива вредност и содржи многу малку калории – една чаша, во зависност од видот, содржи помеѓу 200 и 250 калории. Тој е исклучително добар извор на квалитетни протеини, кој содржи малку калории и маснотии, што значи дека е одличен за струкот. Поради ваквиот состав, гравот е исклучително хранлива намирница!

Тој е одлична замена за месо

Ако не јадете месо или се обидувате да го избегнете, гравот е одлична храна со која можете да го замените, бидејќи содржи протеини и други хранливи материи што ќе ви дадат енергија. Тоа е одличен избор за вегетаријанците, но и за љубителите на месо кои имаат проблеми со надуеност и летаргија кои месото може да ги предизвика.

Го стабилизира шеќерот во крвта

Ако страдате од дијабетес или хипогликемија, дефинитивно треба да јадете што е можно повеќе грав.

Слични содржини