Овие хороскопски знаци НЕ САКААТ брак

од Stefanija Kuzmanovska

Ако ѝ се верува на астрологијата, овие хороскопски знаци не сакаат брак! Дури и врска е тешко да се одржи со нив, а ситуацијата е иста без разлика дали се работи за мажи или дами.

Лав

Егоцентричниот Лав ќе ужива во врската, па дури и во бракот со вас, сè додека му го посветувате целосното внимание и тоа без запирање или пауза. Кога ќе го заборавите тоа, тој бара нова публика.

Стрелец

Стрелците се најголемите „лутачи“ во хороскопот. Нив не ги држи место, а ниту еден партнер. Штом забележат дека сакате да ги врзете за вас, тие ќе исчезнат од вашиот живот. Ако навистина сакате долготрајна врска со Стрелец, ќе мора да трпите многу.

Водолија

Водолиите секогаш бараат авантура. На првото навестување на досада во врската, тие нема да се двоумат да влезат во паралелна врска и да одржат таков однос додека не ги разоткриете.

Слични содржини