Овој хороскопски знак покажува најмалку ЕМОЦИИ

од Stefanija Kuzmanovska

Ако познавате некој кој не ги покажува своите чувства, најверојатно станува збор за личност родена во знакот на Близнаци.

Секој хороскопски знак има одредени карактеристики кои го разликуваат од другите членови на Зодијакот. Некои се позитивни, некои помалку убави, а кога се работи за криење емоции, прво се помислува на Близнаците

Астрологот Линда Бери објаснува дека овој знак ги држи работите на површинско ниво и никогаш не ги покажува своите длабоки чувства на другите.

„Имаат силна способност да ги импровизираат своите емоции и да бидат сосема друга личност или дволични, па оттука и нивниот симбол на близнаци“, вели таа и додава:

„Близнаците имаат основна личност која е приспособлива и будна, што им дава можност да лажат, без да се препотат, за да не покажуваат вистински емоции. Тие, исто така, често користат сарказам за да ги пренасочат емоционалните ситуации. Со други зборови: ако имате тежок ден и сакате малку сочувство, веројатно има подобар пријател да му се јавите отколку на Близнакот“.

Слични содржини