Овој фудбалски клуб стана „легло на зараза“ на корона, а тоа никој од фудбалерите не го знаел

од Aleksandar Petrovski

Познатиот мексикански клуб Круз Азул стана „жариште“ на коронавирусот, бидејќи откриено е дека дури 22 негови членови биле заразени.
Осум фудбалери и 14 фудбалерки, така покажале тестовите и информациите што ги пренесе АФП.

Ниту еден од забележаните случаи немал симптоми на болеста и новиот вирус, а во два случаи во женскиот тим и седум во машката екипа, резултатите останале неодредени.

Клубот за време на тестирањето се наоѓал на подготовки, но по откритието, се вратиле во Мексико Сити, каде ќе биде под медицински надзор.

Круз Азул беше првопласиран пред прекинот и откажувањето на сезоната поради пандемија на коронавирус, и се бореше за учество во КОНКАКАФ Лигата на шампиони. Таму на основа на рангот пред прекинот ќе биде заедно со Леон.

Слични содржини