Озил: Никогаш повеќе за Германија и во Бундеслигата

од Nikola Popovski

Новиот член на Фенербахче, Месут Озил изјави дека тој никогаш нема да се врати да игра во Бундеслигата или за репрезентацијата на Германија, бидејќи официјално потпиша договор со Фенербахче.

„Штом тргнам по еден пат, повеќе не се вртам назад. Посакувам успех на германската репрезентација, но никогаш повеќе“, рече Озил и додаде дека не размислува да се врати во Бундеслигата.

Озил, кој играше за Арсенал, потпиша договор со турскиот клуб на три и пол години.

Месут Озил (32) веќе започна со тренинзи со новите клупски колеги во неделата, но тој нема да биде на теренот во скоро време поради недостаток на кондиција.

Озил не играше речиси една година.

Според Фенербахче, Озил ќе добива околу три милиони евра по сезона, што е далеку помалку од 20 милиони евра што ги доби во Арсенал како најплатен играч.

Озил, роден во Германија, негуваше односи со Турција со години. Тој се ожени во 2019 година во Истанбул со поранешната Мис на Турција, Амина Гилса. Нивен сведок на венчавката беше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Слични содржини