Озил: Ниту едно дете не сонува да ja освои Суперлигата

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот на Фенербахче, Месут Озил јавно се спротивстави на новиот проект на Европската фудбалска Суперлига, која ја основаа 12 богати клубови од Стариот континент.

„Децата растат сонувајќи да го освојат Светскиот куп и Лигата на шампионите – не некоја си Суперлига таму. Уживањето во големите натпревари е тоа што тие се случуваат еднаш или двапати годишно, не секоја недела. Тешко е да го разберат ова фановите на фудбалот“, напиша Озил на својот профил на Твитер.

Меѓу клубовите кои се основачи на европската Суперлига се и Реал Мадрид и Арсенал, чии бои ги бранеше Озил за време на неговата богата кариера.

Слични содржини