Пахор: Сите земји од Западен Балкан што поскоро да влезат во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Србија е под голем притисок да ги спроведе санкциите на западниот блок и ЕУ против Русија, но процесот на нејзино членство во ЕУ продолжува, изјави во Анкара претседателот на Словенија Борут Пахор, кој е за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и кој, како што вели, од почетокот го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој во моментов не постои.

Пахор во интервју за агенцијата „Анадолија“ рече дека му придава важност на членството во ЕУ за да се покаже на чија страна се сите земји.

Претседателот на Словенија посочува дека сака што поскоро да ги види сите земји од Западен Балкан во ЕУ.

Слични содржини