Палестинците им ги вратија вакцините на Израел, рокот на употреба е прекраток

од Nikola Popovski

Вечерва палестинските власти го откажаа договорот за донирање израелски вакцини против коронавирус, на кој наскоро им истекува рокот на употреба, бидејќи се покажал дека е пократок од договореното.

-Поради тоа првата пратка од околу 90.000 дози вакцини е вратена во Израел, изјавил портпаролот на палестинските власти.

Договорот предвидуваше Израел да донира 1,4 милиони дози вакцини Фајзер / Бионтек на палестинските власти, кои ќе истечат наскоро, додека Палестинците ќе му достават реципрочен број дози на Израел кога ќе добијат пратка од системот Ковакс.

Иако договорот предвидува дека рокот на вакцините „истекува наскоро“, Палестинците го одобрија со цел да се забрза темпото на вакцинација на Западниот брег и Газа.

„Тие ни рекоа дека рокот на траење е во јули или август, што е доволно време за употреба. Но, се покажа дека рокот истекува во јуни. Тоа значи дека нема доволно време за употреба на вакцините и затоа ги вративме“, изјави пред новинарите палестинскиот министер за здравство Мај Алкалија.

Слични содржини