Памела Андерсон ги напушта социјалните мрежи: Нема да заработувате на мене

од Stefanija Kuzmanovska

Во вторникот, Памела Андерсон засекогаш се прости од социјалните мрежи со својот последен пост на Инстаграм. Ѕвездата на популарната ТВ серија „Чувари на плажата“ одлучи дека повеќе нема да користи Фејсбук, Инстаграм и Твитер, а објасни и зошто.

„Сакаат на сите да ни ги контролораат мозоците. Никогаш не ме интересирале социјалните мрежи, и сега конечно се чувствувам слободна. Ви благодарим за љубовта. Испраќам благослови на сите. Се надевам дека ќе најдете сила и инспирација и ќе ја следите целта, не дозволувајте изгубеното време да ве заведе. ТИЕ го сакаат тоа и го користат за да заработат пари на вас. Преземете ја контролата врз вашиот мозок“, напиша 53-годишната актерка на Инстаграм, каде ја следат 1,2 милиони луѓе.

А дали ќе го исполни ветувањето и навистина ќе се држи настрана од социјалните мрежи, времето ќе покаже.

Слични содржини