Панчев: Модриќ не е најдобар ниту во историјата на Хрватска, камо ли на овие простори!

од Vladimir Zorba

Во интервју за Вечерњи лист еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата Дарко Панчев даде оценка за квалитетите на регионалните лиги и за некои фудбалери од овој регион.

Најинтересно беше мислењето за Лука Модриќ кој е актуелен освојувач на Златната топка како прв фудбалер од поранешна Југославија кому му успеало тоа.

„Лука Модриќ секако е одличен играч, еден од најдобрите на овие простори. Но, фудбалот е поради интересен, многу пати дава, но и зема. Мислам дека тој не е ни најдобар хрватски фудбалер во историјата, а секако не е најдобар од овие простори. Без оглед на сите награди кои заслужено ги освои“, изјави Панчев.

Слични содржини