Пандемија на насилство врз жените

од Stefanija Kuzmanovska

„Пандемијата“ на семејно насилство врз жените постоеше и пред појавата на коронарнавирусот, а сега ситуацијата е дополнително влошена. Кога жените се затворени во домот со насилници, можете само да замислите колку е тоа токсичен коктел. Во многу земји е регистрирано зголемување на семејното насилство. Затоа е потребно владите да преземат повеќе мерки, изјави Пумзиле Мламбо-Нгука, шефица на телото на ОН за правата на жените за „ДВ“.

„Мерките подразбираат секоја земја да има телефонска линија. Исто така подразбираат ресурси за безбедни куќи затоа што жените мора да имаат каде да одат кога бегаат од дома. Сега е важно да имаме доволно такви безбедни куќи насекаде, исто како што важно да имаме дополнителни легла во болниците“, вели таа.

Според првичните податоци од Кина, Италија, Франција, како и делови од Германија, има значително зголемување на пријавени случаи на семејно насилство откако беше воведено ограничување на движењето.

Слични содржини