Пандов: Донесовме декларација за политичките осуденици за да не се повторат настаните од 27 април

од Nikola Popovski

Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“, Александар Пандов денеска објави заедничка „Декларација за правда и слобода за политичките осуденици во Македонија. Тој истакна дека заедно со Унијата на ветерани на ВМРО-ДОМНЕ се обврзуваат борбата за правда и слобода за неправедно осудените да продолжи сѐ до исправање на нанесените неправди.

-Констатирајќи ги дека јавно познатите политички обвиненија и лажни сведочења за настаните од 27-ми април 2017-та година на кои се темелат драконски и неправедни судски пресуди изјавуваме дека борбата за правда и слобода за неправедно осудените ќе продолжи се до исправање на нанесените неправди, изјави Пандов.

Според него, настаните на 27 април пред и по отворањето на вратите на Собранието го променија текот по кој се движи македонската држава.

-Општеството има потреба од помирување и објективно согледување на настаните. Македонија мора реално да расчисти со случувањата на 27 април 2017 за никогаш да не и се повторат. Истото е можно единствено преку спроведување на вистинска правда, а не политички нарачки кај обвинителите и судиите кои и слугуваат на власта, а не на граѓаните и интересите на државата.

Оваа декларација има за цел да биде гласот на секој објективен и чесен граѓанин на Република Македонија кој не трпи неправди, ја сака својата држава и се бори секојдневно за почит на нејзиното минато, подобра сегашност и перспектива во иднината, рече Пандов.

Слични содржини