Папата Франциск пуштен од болница

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск е пуштен од болницата Гемели во Рим каде му беше извршена операција на дебелото црево пред десет дена, објавија во средата локалните медиуми.

Фотографите пред болницата видоа како два автомобила во придружба на обезбедувањето на Ватикан го напуштија страничниот влез нешто пред 11 часот, откако вработените ставија инвалидска количка во багажникот на едно од возилата.

Првиот од двата автомобила имаше затемнети стакла.

На осумдесет и четиригодишниот папа му беше отстранет дел од дебелото црево на 4 јули под општа анестезија поради тешка дивертикуларна стеноза.

Во неделата, тој се појави во јавноста за првпат по операцијата за да предводи миса за стотици собрани од балконот на болницата.

Слични содржини