Папата Франциск: Се уште не се повлекувам, ќе ги посетам Москва и Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск (85) денеска ги отфрли обвинувањата дека планира да ја напушти функцијата поглавар на Римокатоличката црква и рече дека овој месец ќе оди во Канада и се надева дека набргу потоа ќе може да замине во Москва и Киев, објави „Ројтерс“.

Зборувајќи за ситуацијата во Украина, папата рече дека имало контакти меѓу секретарот на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин и рускиот министер Сергеј Лавров за можно патување во Москва, но дека првите знаци не биле добри.

„Би сакал да одам во Украина и сакав прво да одам во Москва. Разменивме пораки за тоа, бидејќи мислев, ако рускиот претседател ми даде улога, да му служам на мирот. А сега е можно, кога ќе се вратам од Канада можно е да одам во Украина. Би сакал да одам во двете престолнини“, додаде папата.

Слични содржини