Повик за зближување меѓу католиците и православните упати денес папата Фрањо во своето обраќање по повод започнатата во вторникот јубилејна година на милосрдието, пренесе Франс прес. Бришењето на “гревот на поделбата” е една од целите, објавени од католичката црква во рамките на иницијативата.

zx450y250_2664256

Пред верниците, кои се собраа на плоштадот “Св. Петар” по неделната молитва, папата Фрањо изрази јасно желба уште “Светата година” да го отвори патот за нови чекори за взаемно простување и зближување меѓу римокатолиците и различните православни цркви.

Расколот меѓу Рим и Константинопол датира од 1054 година, потсетува “Франс прес”. “Нема вистински пат кон единство, без да побараме прошка од Бога и еден од друг заради гревот на поделбата”, рече Фрањо.

Без да сака, Русија може да го реши сирискиот конфликт

Потоа тој упати добредојде кон поглаварите на православните цркви и особено кон својот пријател Цариградскиот патријарх Вартоломеј. Двајцата одржуваат блиски односи, но за Рим е потешко приближување со другите православни цркви, особено со руската, која е побројна, прецизира “Франс прес”.

Папата Фрањо ги повика денеска министрите од 195 земји, кои се собраа на климатската конференција во Париз, да покажат храброст и да преземат “важни одлуки” за “следните генерации”. “За доброто на целиот дом, на сите нас и на идните генерации во Париз треба да се вложат максимални напори за ублажување на последиците од климатските промени – и истовремено за борба против сиромаштијата, за воздигнување на човековото достоинство. Едниот и другиот избор одат рака за рака “, изјави папата.

Слични содржини