„Пасивната вакцина против коронавирусот се продава на Дарк веб“: Една доза чини 25 илјади долари

од Nikola Popovski

Интернет-криминалците преку „Дарк веб“ нудат крв што наводно била донирана од пациенти излечени од Ковид-19, која би послужила како „пасивна вакцина против коронавирус“, објави американската мрежа „АБЦ Њуз“.

Ова го откриле група истражувачи од австралискиот Национален универзитет, кои се занимавале со проблемот со компјутерскиот криминал за време на пандемијата, а истражувањето го објавило австралискиот Институт за криминологија.

Крвта е само една од неколкуте стотици производи поврзани со коронавирус понудени на „Дарк веб“, меѓу кои најчести се заштитната опрема и средствата за кои постои основано сомнение дека се украдени од продавници или аптеки.

Една доза „крв со антитела на коронавирус“ се нуди по цена од 25 илјади долари.

Слични содржини