Патогените кои заразија 53 милиони луѓе ги собира во лажица

од Stefanija Kuzmanovska

Вкупната количина на патогенот на коронавирус кој зарази 53 милиони луѓе ширум светот може да се смести во една лажица, пресмета австралискиот математичар Мет Паркер.

Со други зборови, ако се соберат патогените микроорганизми кои заразиле 53 милиони луѓе, тие би дале осум милилитри течност, објави „Дејли меил“.

Паркер направи неколку проекции, а во најголемата проекција, количината на патогени би се вклопила во чаша за ракија, што е околу 45 милилитри течност.

„Целиот хаос во светот може да се смести во лажица. Патогените микроорганизми на коронавирусот се многу мали, тие се само кодови што ги кршат здравите клетки“, рече Паркер во својот подкаст „Решен проблем“.

Всушност, Ковид-19 е милион пати помал од човечката клетка, а Паркер, кој е соработник на научното шоу на Би-Би-Си, ја направи проценката заснована врз истражување во медицинското списание „Лансет“.

Кога умножи сè, пресмета дека има 3,3 милијарди Ковид-19 клетки во човечкото тело.

Слични содржини