Пеле: Студентките плачеа кога ми зборуваа за Алексиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот и професор на ФДУ Драган Петровиќ Пеле во емисијата „Разбуди се“ зборуваше за сопственикот на школата за глума во Белград, Мирослав Мика Алексиќ (68), кој беше пријавен од негови ученички дека сексуално нападнал шест ученичи по глума во тоа училиште.

„Мислев дека ќе попушти тоа непријатно чувство, што не знам со какви зборови да го опишам. Начинот на кој дознав за сето ова беше како гром од ведро небо. Во саботата, релативно доцна вечерта, се јавија две мои студентки, едната беше Ива Илинчиќ и не можам да кажам која е другата, затоа што не се појави во јавноста, но поднесе кривична пријава против Алексиќ. Ме контактираа таа вечер и ми рекоа дека сакаат да ми кажат нешто за да не дознаам од медиумите. Секако, почувствував дека не се добри вести и инсистирав да ми кажат преку телефон… А потоа низ солзи ми рекоа за што станува збор. Потоа се сретнавме следниот ден и од прва рака слушнав неверојатни работи што се непријатни за слушање и уште понепријатни за доживување“, објаснува Петровиќ.

На прашање од водителката како е можно методите на Алексиќ да не биле познати и како е можно луѓето од професијата да не биле упатени во методите на Алексиќ, Петровиќ изјавил дека нему не му било ни на крај памет што се случува.

„Не знаев. Можеби не сум личност која е доволно информирана, ги избегнувам тие приказни ‘рекла казала’. Познато беше дека човекот е строг, дека има, за мој вкус, порадикални методи. Тоа училиште не беше дел од мојот интерес. Мојот став кон тие училишта е многу негативен, бидејќи нема контрола врз тоа кој работи со тие деца. Додека тоа не се систематизира, ќе биде уште полошо, кој знае што друго ќе се појави“, изјави тој.

Слични содржини