Пелоси: Претресот на ФБИ е доказ дека никој не е над законот

од Nikola Popovski

Шефицата на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, коментирајќи го претресот на ФБИ во куќата на Доналд Трамп порача дека тоа покажува дека никој, па ни поранешниот претседател, не е над законот.

Пелоси истакна дека претресот на домот на Трамп на имотот во Мар-а-Лаго, Флорида, е сериозен чекор.

– Ние веруваме во владеење на правото, а тоа е она за што е нашата земја и никој не е над законот, дури ни претседателот на Соединетите Американски Држави, дури ни поранешниот претседател на САД – вели таа.

Исто така, таа ги оспори коментарите на лидерот на малцинствата во американскиот Конгрес, Кевин Мекарти, кој претходно изјави дека републиканците ќе го испитаат Министерството за правда кога ќе го вратат Претставничкиот дом.

-Што и да каже е веројатно бесмислено, рече Пелоси.

Слични содржини