Пендаровски до Силјановска: Албанците не се граѓани со посебни потреби

од Vlatko K

Во вечерашната дебата на АлсатМ жестока полемика на претседателските кандидати Стево Пендаровски и кандидатката на ВМРО ДПМНЕ каде најмногу се разидоа околу идните кабинети ако бидат претседатели.

Гордана Силјановска Давкова  Според неа правична застапеност не смее да се однесува само на етничкиот критериум, рече тоа е забрането во САД, туку треба да се вклучат и лицата со попреченост, а  да се има предвид родовата застапеност.

-Држете ме за бесата во мојот кабинет ќе има најпрво место за жени Албанки и Македонки , но секако стручни и компетентни, нагласи Силјановска.

Пендаровски и одговори дека овие нејзини изјави се чиста политичка реторика и и забележа дека не може да повикува на правична застапеност, а при тоа Албанците да не ги повикува да гласаат за неа.

-Албанците не се нација со посебни потреби, што секако не значи дека лицата со посебни потреби не ги заслужуваат своите права, нагласи Пендаровски.

И претседателскиот кандидат Блерим Река  реагираше на кажаното од Силјановски и истакна дека Албанците не може да се поистоветуваат како граѓани со посебни потреби во поглед на нивната застапеност.

Силјановска го поистовети Пендаровски со Путин и Борисов

Пендаровски поентираше дека местото на Албанците е дефинирано со Охридскиот рамковен договор и мора да се гледа кон евроатланската македонска реалност, а не на стереотипното минато.

Слични содржини