Силјановска го поистовети Пендаровски со Путин и Борисов

од Vlatko K

Во последната четврта дебата меѓу претседателските кандидати на претстојните претседателски избори на АлсатМ, кандидадтот на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова , консензуалниот кандидат Стево Пендаровски го изедначи со лидерството на Владимир Путин и Бојко Борисов.

Гордана Силјановска во реплика за постојаноста на политичката сцена на Пендаровски рече дека просто е неверојатно како тој толку многу години обезбедил присутност  на политичката сцена.

Таа рече дека е Пендаровски е  исто како рускиот претседател Владимир Путин и бугарскиот претседател Бојко Борисов, кои имале контраверзно минато, и дека таа кога би  била би и препорачала на Државната изборна комисија да ја преиспита  релевантноста на неговата претседателска кандидатура.

Пендаровски  во својот настап  не ја искоментира ваквата алузија на Силјановска дека тој е како Путин или Борисов, но нагласи дека тој е коегзистетен во своите ставови во целото свое работење од портпарол во МВР до неговата советничка кариера и во кабинетите на претседателите Бранко Црвенковски и  Борис Трајковски, како универзитетски професор, пратеник или претседателски кандидат на претходните претседателски избори кога ВМРО ДПМНЕ му ја украдоа победата за кој режимски пристап се уште се водат судски процеси со познатите обвиненија на СЈО.

Слични содржини