Пендаровски го додели признанието „Повелба на Република Северна Македонија“ на три организации и на четири личности

од Vladimir Zorba

Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот го додели признанието „Повелба на Република Северна Македонија” на три организации и на четири личности кои со нивната работа и посветеност дадоа огромен придонес за социјализација и остварување на човековите права и слободи на лицата со попречености, за помош и поддршка на обесправените и угнетените, за грижа и воспитување на децата, за подигање на свеста за ракот, за унапредување на родовата еднаквост, за подобрување на меѓуетничките односи, како и за афирмација на нашата земја на меѓународно ниво.

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Повелба на Република Северна Македонија” на „СОС Детско Село”, на Центарот за балканска соработка „ЛОЈА”, на Движењето „Полио Плус”, на Биба Додева, на Ленче Здравкин, на Савка Тодоровска и на Ристо Донев.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски посочи дека е препознатлива улогата и значењето на граѓанските организации, како и на поединци кои преку работата во нив, но и самостојно, придонесоа за македонската демократија и македонското општество. Тој истакна дека без силен и развиен граѓански сектор не е можна успешна и демократска Македонија и изрази надеж дека денешниот настан ќе претставува дополнителна мотивација за сите активисти во невладините организации, но и за бројни поединци кои секојдневно прават добри дела. Претседателот Пендаровски им честиташе на добитниците и им се заблагодари за се што досега имаат направено и порача да останат и понатаму посветени на благородната кауза.

Слични содржини