Пендаровски: Макрон не ги спомна реформите во судството, проблемот бил во внатрешните работи на ЕУ

од Viktor Jovanov

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на денешното гостување во емисијата Топ-тема ги демантираше сите изјави дека државата не добила датум за преговори поради реформите во правосудството. Тој вели дека на средбата, францускиот претседател Макрон јасно изјавил дека причината и проблемот во стопираното проширување е во Европската унија.

-Воопшто не беше споменато од Макрон дека не добивме датум за преговори поради реформи во правосудството, туку кажа дека им треба време на нив. Тој исто така истакна дека Северна Македонија е мала држава и направила многу за членството во ЕУ како и дека сите земји членки беа за отпочнување на преговорите, но неговата одлука била принципиелна“. Методологијата мора да биде направена за да добиеме суштински влез, а не само козметика, вели Пендаровски.

Македонскиот претседател истакна дека Макрон на средбата недвосмислено изјавил дека не и нуди на нашата држава алтернативно членство или алтернатива за членство, но бара трпение се со цел влезот да има суштинска смисла.

Слични содржини