Пендаровски не очекува многу работа за работната група за уставни измени

од Nikola Popovski

Не знаеме, треба да утврдат на првата седница колку ќе бидат потребни и ред во работењето. Се надевам и претпоставувам дека многу работа тука објективно нема. Не знам колку седници ќе им требаат, но добро е што почнува постапка и пред очите на јавноста. Нема скриени агенди или некој да се плаши дека нешто ќе се направи, надвор од она што е веќе воведено во Преамбулата и во нормативниот дел на Уставот за сите останати етнички заедници. Нема да има разлика за Бугарите, изјави претседателот Стево Педаровски запрашан за денешниот почеток во работењето на работната група за уставните измени.

Шефот на државата го повтори својот став дека е за уставни промени и не мисли дека не се нешто страшно за нас.

-Не мислам дека ако ги внесеме Бугарите во Уставот, заедно со другите шест-седум народи и делови од народи, дека државата ќе пропадне, истакна Пендаровски.

Слични содржини