Пенс вакцината ќе ја прими во петок, а Бајден можеби следната недела

од Stefanija Kuzmanovska

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и сегашниот потпретседател Мајк Пенс наскоро ќе ја примат вакцината против коронавирус.

Според АП, повикувајќи се на неименувани официјални лица, Бајден треба да ја прими вакцината следната недела.

Белата куќа објави дека Пенс и неговата сопруга Карен утре треба да ја примат вакцината пред камерите.

Претходно беше објавено дека на највисоките претставници на американската влада, вклучително и претставници на Белата куќа кои работат во близина на претседателот Доналд Трамп, оваа недела ќе им биде понудена вакцина против коронавирус.

Дистрибуцијата на вакцини во САД е ограничена на најекспонираните здравствени работници, негувателите и корисниците на домовите за стари лица.

Слични содржини