Перез: Многумина веруваат дека Реал постигнува невозможни работи

од Vladimir Zorba

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги повтори своите амбиции за успех. Во последната кампања, играчите на Карло Анчелоти ја освоија Ла Лига и Лигата на шампионите, со тим кој можеби не беше најсилен во Европа.

„Само што заврши сезоната која вечно ќе се памети по 35-тата титула во Шпанија и 14-тата во Лигата на шампионите“, изјави шефот. „Но Реал никогаш не се чувствува задоволен. Секогаш сакаме повеќе и затоа веќе сонуваме за 15-тиот трофеј од ЛШ. Работиме напорно за да го постигнеме она што многумина го сметаат за невозможно. Имаме одличен тим, во кој има играчи кои пет пати ја освојувале титулата во Лигата на шампионите. Сепак, нашите следни предизвици ќе бидат тешки и треба да се засилиме“.

Перез денеска го претстави новиот играч за врска, Орелијан Чуамени кој беше земен од Монако за 80 + 20 милиони евра.

„Во овој момент го пречекуваме извонредниот играч – Орелијан Чуамени, кој е меѓу најдобрите играчи од средниот ред во светот“, рече претседателот.

Потоа му се обрати лично на младиот Французин: „Драг Орелијан, твојот сон да играш за Реал се оствари. Вие не избравте нас и ќе ја почувствувате моќта на „Сантијаго Бернабеу“. Карим Бензема и Едуардо Камавинга веројатно веќе ви кажаа за магијата на нашиот стадион. Ќе уживате во поддршката на Реал Мадрид, а за возврат ќе се очекува да дадете се од себе. Од денеска ги претставувате вредностите на овој голем клуб. Од денес започнува етапа во вашиот живот во која ќе се чувствувате горди“.

Слични содржини