Перез победи во Баку, Хамилтон и Верстапен отпаднаа

од Vladimir Zorba

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез победи на трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1.

Мексиканецот денеска ги искористи проблемите на Луис Хамилтон и Макс Верстапен (два круга пред крајот, пукна гумата), кога трката беше прекината, и дојде до вториот триумф во кариерата.

Второто место го зазеде Себастијан Фетел (Астон Мартин), а третото место го освои пилотот на Алфа Таури – Пјер Гасли.

Верстапен остана лидер со 105 поени, Хамилтон има четири помалку, а Перез сега е трет со 69.

Следната трка ќе се вози во Франција на 20 јуни.

Слични содржини