Песков демантира дека Путин подготвува „сензационална изјава за светската безбедност“

од Stefanija Kuzmanovska

Објавите на каналите на Телеграм за наводна подготовка на сензационална изјава на претседателот Владимир Путин „за светската безбедност“ не соодветствуваат со реалноста, изјави Дмитриј Песков за РИА Новости.

„Не. Тоа е лажно“, рече тој.

Станува збор за објава објавена синоќа на Телеграм каналот „Политоџистик“ потпишана од Марат Баширов.

Во неа се наведува дека „утре или задутре“ Путин би можел да даде сензационална изјава за глобалните безбедносни прашања, а особено за украинскиот случај. Притоа, беше појаснето дека тоа нема да биде ултиматум, „туку тешка изјава по своите параметри“.

Слични содржини