Песков: Путин и Ердоган се сериозни политичари кои се занимаваат со конкретни прашања

од Stefanija Kuzmanovska
248 прегледи

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган се сериозни политичари кои се одговорни за своите зборови и се занимаваат со конкретни прашања поврзани со взаемно корисни билатерални односи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

„Путин и Ердоган се многу сериозни политички фигури, со огромно политичко искуство и кои не се карактеризираат со популистички методи. Тие се политичари и државници кои се одговорни за своите зборови“, изјави Песков пред новинарите на прашањето зошто односот меѓу двајцата лидери е посебен, пренесе РИА Новости.

Тој истакна дека Путин и Ердоган се занимаваат со конкретни прашања поврзани со взаемно корисни билатерални односи, што, како што посочи, е „важно за народите на двете земји“.

Слични содржини