Песков за повлекувањето на руските војници од Херсон: „Немам што да додадам“

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска не сакаше да ја коментира одлуката на министерството за одбрана да ги повлече руските војници од областа Херсон на левиот брег на реката Дњепар, додавајќи дека тоа е прашање за нив.

„Немам што да додадам на оваа тема. Контактирајте со министерството за одбрана за дополнителен коментар за ова прашање“, изјави Песков за новинарите на конференцијата, пренесе ТАСС.

На 9 ноември, Шојгу нареди повлекување на руската армија од десниот кон левиот брег на Дњепар, по предлог на Суровкин, командантот на руските сили на украинскиот фронт.

Слични содржини