Пет знаци дека ПИЕТЕ ПРЕМНОУ ВОДА: Тоа може да биде опасно за вашето здравје

од Stefanija Kuzmanovska

Пиете дури и кога не сте жедни

Најдобар начин да проверите дали ви треба повеќе вода е да откриете дали навистина сте жедни. Никогаш не излегувате од дома без шише вода, кое редовно го полните, тоа може да биде знак дека внесувате премногу течност. Нашето тело ќе испрати сигнали кога сме жедни и кога ќе ни требаат повеќе течности, пренесува Večernji.hr.

Боја на урина

Веќе ви е познат фактот дека темната боја на урината може да биде знак на дехидратација, но тоа не значи дека треба да имате целосно проѕирна урина. Бледо жолта урина укажува на здраво ниво на хидратација. Од друга страна, безбојна урина може да значи дека треба да го намалите внесот на вода затоа што сте премногу хидрирани.

Гадење, главоболка и повраќање

Симптомите на прекумерна хидратација се слични на симптомите на дехидратација. Кога пиете премногу вода, бубрезите не можат да се ослободат од вишокот течност, па затоа водата се собира во организмот. Потоа се појавуваат непријатни симптоми, како што се гадење, дијареја, повраќање и силни главоболки. Исто така, кога бубрезите не работат правилно, се јавува замор и исцрпеност на организмот.

Оток на стапалата, рацете и усните

Уште еден јасен знак дека имате дисбаланс на електролити. Пиењето премногу вода може да доведе до ниско ниво на натриум во крвта, што може да предизвика отекување на клетките на телото и задржување на течности. Во некои случаи, клетките во ткивото на лицето или екстремитетите може да изгледаат отечени токму поради прекумерна хидратација.

Дезориентација

Знак на прекумерна хидратација со вода може да биде чувство на конфузија или дезориентација, што е поврзано со пад на нивото на електролити и натриум во организмот.

Слични содржини