Петер Стано: Нема Европрајд без прошетка

од Stefanija Kuzmanovska

Нема европрајд без прошетка, изјави денеска Петер Стано, портпарол за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Во изјавата Стано потсети дека Србија пред три години поднела барање да биде домаќин на Европрајд, паневропски LGBTIQ+ настан.

„Од нејзиното формирање пред три децении, прошетката е суштински дел од Европрајд. Тоа е јавен израз на желбата да се бори против дискриминацијата и да промовира еднакви права за LGBTIQ+ луѓето, како и највидливиот дел од Европрајд. Нема Европрајд без прошетка“, изјави портпаролот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Петер Стано.

Слични содржини