Петков му посака успех на Ковачевски на чело на новата влада

од Берта Китинска

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе на Димитар Ковачевски стапувањето на должноста премиер на Република Северна Македонија и и посака успех на Новата влада во Скопје.

– Очекувам да работиме заедно на нов конструктивен дијалог и разбирање во интерес на нашите билатерални односи, чиј развој е од голема полза за граѓаните на Бугарија и Република Северна Македонија, напиша бугарскиот премиер на официјалната Фејсбук страница на Владата на Бугарија.

Бугарскиот премиер истакна дека ставот на Бугарија за европската перспектива на нејзиниот близок сосед Република Северна Македонија е конзистентен и јасен. Според Петков, добрососедството може да донесе сериозни оридобивки не само за двете земји, туку и за целиот регион.

Слични содржини