Петковски: Левица не е репер дека Македонија свртува сериозно кон Истокот

од Nikola Popovski

Поранешниот претседател на Собранието и поранешен кандидат за претседател на државата, Тито Петковски смета дека власта е во многу потешка позиција кога се бори за избори и кога сака нешто да понуди, отколку опозицијата која постојано критикува. Според него, ние не сме демократско општество бидејќи постојано сме во изборна кампања во континуитет.

-Излезете само и видете ги ветувањата на премиерот кога се формираше влада и видете го салдото. По кои прашања има резултати, а по кои се заостанува…Мислам многу фактори се однесуваат на негативната перцепција кон Владата. Сепак, ако видите ДУИ ја задржува константата, пак се тука некаде. Цехот го плаќа стожарната партија во коалицијата – СДСМ. За изборите неблагодарно е да се прогнозира, може нешто да се испегла и некој процент да се качи, ако говориме за јавните анкети, рече Петковски во емисијата „Само интервју“.

Поранешниот функционер истакна дека „во Македонија нема Исток и Запад – ние немаме партии кои се идеолошки препознатливи“.

-Единствена идеологија на партиите е власта. Левица е отворена, меѓутоа не е репер за расположението на граѓаните. Таа отворено кажува што поддржува и е ултра-лево комунистичка партија според нивното истапување во јавноста. Сепак, не може да биде репер дека Македонија сериозно свртува кон Истокот, рече Петковски.

Слични содржини