Петковски: Разрешувањето на Трајковски е од лична суета и реваншизам

од Nikola Popovski

Првиот потег што го повлече новоизбраното раководство на НСДП на Конгресот од 4 јуни беше барањето упатено до Владата на РСМ за разрешување на Кристијан Трајковски од функцијата генерален директор на Јавното претпријатие за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, вели Тито Петковски кој 17 години беше на чело на НСДП.

Според него, Владата е со тенко мнозинство.

-Гревот на Кристијан Трајковски е што се јави како противкандидат на Горан Мисовски за претседател на партијата на неодамна одржаниот конгрес на НСДП. При тоа, во предлогот упатен до Владата, не се наведува ниту една причина за негово разрешување, ниту пак некоја забелешка на неговата работа како генерален директор на јавното претпријатие или како генерален секретар на партијата. Лична суета и чист реваншизам. Па, како тоа некој да се дрзне и да му се спротивстави и да му биде конкурент за местото претседател на партијата ,на ‘големиот народен трибун’ Горан Мисовски. За политичката култура и демократскиот капацитет на новоизбраното раководство на НСДП не сакам да говорам и тоа не е најважното во овој момент, стои во реакцијата на Петковски.

Слични содржини