Петковски: Владата ги разочара Македонците во Бугарија кои помислија дека дојдоа подобри времиња

од Nikola Popovski

Поранешниот претседател на Собранието и поранешен лидер на НСДП, Тито Петковски смета дека актуелната влада ги разочарала Македонците во Бугарија. Тој во објава на социјалните мрежи прави анализа на отворањето на македонски и бугарски клубови во двете земји.

-Во случајов,нашата Влада ги изневери и разочара и Македонците во Бугарија,кои помислија дека,конечно дојдоа подобри времиња во кои ќе можат да ги остварат своите човекови права и слободи,за кои со години се борат.Нашата Влада немаше реална проценка за тоа ,во која насока ќе се одвиваат Македонско-Бугарските односи ,по отварањето на клубовите во Битола и Охрид и можното отварање на клубот на Македонците во Благоевград.Какви ќе бидат реакциите на противниците на идејата за отварање клубови,и во Македонија и во Бугарија, вели Петковски.

Тој се осврна и на вчерашната изјава на шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи кој рече дека „ваквото отварање на македонски и бугарски клубови им штети и на двете заедници“.

-Итоа не е никаков грев. Но само два дена пред отварањето на клубот на Македонците во Благоевград да дознае и јавно да соопшти дека клубот ќе биде финансиран од “антиамерикански и антиевропски структури од Канада”и дека тоа ќе им штети на односите меѓу двете заедници,најблаго речено е неодговорен однос кон македонската јавност. Повеќе од два месеци,македонската јавност беше постојано бомбардирана со бугарски провокации,и тоа од официјални бугарски кругови во врска со клубовите во Битола и Охрид. Јавноста беше информирана за тоа ,кој е финансиер на бугарските клубови во Македонија и кој ќе го финансира клубот на Македонците во Благоевград, напиша Петковски на Фејсбук.

За утре е најавено отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Претставници на власта нема да присуствуваат, додека претседателот Стево Пендаровски ќе испрати свој претставник. Најавено е доаѓање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и делегација на Левица.

Слични содржини