Петровска кон Морачанин: Кандидиравте естраден уметник кој целосно се декларираше како социјалдемократ

од Берта Китинска

Многу сме задоволни од резултатот на изборите, преку 20 граѓански организации 2 месеци пред одржувањето на изборите започнаа со работа. Граѓаните го препознале она што ние го имаме да го понудиме, вели Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Скопје од коалицијата „Зелен хуман град“ во Студио 10 на ТВ24

-Имаме двајца претставници, советници во Град Скопје. Од резултатите на советничките листи 25.000 гласа за ДОМ и ЛДП, што е помалку од она што ДОМ самостојно го освои во 2017-та. Ова е резултат кое не треба да е нешто посакувано за партијата на локалните избори. Од 21 советник што ДОМ го имаше во 2017 – 16 советници не сакаа да бидат на листите,  Петровска.

Таа во текот на дебатната емисија на лидерката на ДОМ, Маја Морачанин и посочи дека нивниот кандидат за градоначалник на Скопје не застанал зад ниедна зелена вредност.

– Кандидиравте естраден уметник кој целосно се декларираше  како социјалдемократ и којшто немаше никаква зелена платформа, кажа Петровска.

Слични содржини