Петровски: Мицкоски е најголемата грешка на Груевски

од Nikola Popovski

„Мицкоски е најголемата грешка на Груевски. Тој не е способен да биде лидер, избран е на фалц конгрес. Тој беше кариката која беше неопходна за да се смени името на државата“, рече Филип Петровски во емисијата „Во центар“.

Тој додаде дека Мицкоски не бил пред ДИК, да се бори заедно со останатите сопартијци по изборите во 2016 година

„Јас бев таму, но не и Мицкоски. Него го немаше да се бори за подобар резултат на тие избори. Тој тогаш беше ‘голем’ директор на ЕСМ и изгледа не му се качуваше по огради“ рече Петровски.

Тој во емисијата додаде дека Мицкоски и неговата фамилија во време на студентските протести во 1997 година биле левичари и не биле склони кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Слушнав дека тогаш во 1997 година Мицкоски за мене зборувал дека ме мрази бидејќи сум вмровец. Подоцна се активираше и политички, како кандидат за претседател на Сојуз на студенти и тоа против ВМРО-ДПМНЕ“, рече Петровски.

Слични содржини