Peugeot најави нови електрични модели

од Vladimir Zorba

Откако го претстави електричниот концепт Inception на CES во Лас Вегас на почетокот на месецот, Peugeot сега ја објави својата електрична иднина со прецизен распоред на настанот E-Lion Day.

Идниот електричен SUV E-3008 на Peugeot ќе биде и првиот модел што ќе ја користи новата STLA платформа на Stellantis Group, кога ќе биде лансирана во втората половина на 2023 година.

Компанијата потврди дека овој компактен SUV ќе биде достапен со избор од три различни верзии и до 700 километри електричен опсег.

По E-3008, „набрзо потоа“ пристигнува и нешто поголемиот SUV модел E-5008.

Од Peugeot наведуваат дека овие два теренци се произведуваат првенствено како електрични возила, но најавуваат и дека ќе треба да понуди алтернативни погонски решенија за оние пазари кои заостануваат на патот кон масовното прифаќање на електрични возила. Иако првенствено е развиена како платформа за целосно електрични возила, архитектурата STLA Medium има флексибилност да прими хибридни погони.

Извршниот директор на компанијата Линда Џексон потврди пет електрични возила, вклучувајќи го и електричниот вагон E-308 SW. И овој електричен караван ќе добие нов електромотор кој развива 115 kW/156 КС, со автономија од над 400 km.

Други електрични возила што ќе бидат лансирани се хечбекот Е-308 и Е-408, електрична верзија на најновиот кросовер на компанијата.

Француската компанија не навлегува во детали, но очекуваме Е-408 да го сподели својот електричен погон со Е-308.

Peugeot вели дека сака да понуди електрична верзија на секој модел што го произведува до 2025 година и тврди дека 100 отсто од автомобилите што ги продава во Европа ќе бидат полни ЕВ до 2030 година. Но, за да се премости јазот, најави и нова линија на благи хибридни мотори.

Сите модели 208, 2008, 308, 3008, 5008 и 408 ќе имаат корист од новата погонска група која се состои од 1,2 литарски PureTech бензински мотори од 100 КС или 136 КС, кои ги движат предните тркала, заедно со електричен мотор со 21 kW/29 КС.

Peugeot тврди дека новите мотори нудат 15 проценти подобрување во ефикасноста и дозволуваат автомобил како 3008 да работи на електрична енергија околу 50 проценти од времето во градско возење.

Слични содржини