„Пичичи“ заврши во рацете на Карим Бензема

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, го освои трофејот „Пичичи“, кој се доделува на најдобриот голгетер во Ла Лига. Французинот постигна 27 гола на 32 натпревари оваа сезона и заврши далеку пред своите ривали за трофејот.

Најдобриот стрелец на Селта, Јаго Аспас, заврши на второто место со 18 гола. Третото место го поделија Виничиус Жуниор и Раул Де Томас со по 17 прецизни удари.

34-годишниот Бензема се прероди оваа сезона, а покрај неговите 27 гола во Примера, има и 12 асистенции. На ова можеме да додадеме уште 17 голови на други турнири.

Ова е прв голгетерски трофеј за Французинот во дресот на Реал Мадрид.

Слични содржини