Пике: Да ги заборавиме ривалствата, мора да бидеме како семејство

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Барселона, Жерард Пике изјави дека сите во Шпанија мора да бидат обединети за да го соборат коронавирусот.

Дефанзивецот на Барса истакна дека ривалствата од теренот сега се ставени настрана.

„Ривалството што го имаме сега не важи. Сега сме сите заедно. Треба да бидеме како семејство. Тешко ќе го победиме вирусот, тешки се моментите, страдаат блиски луѓе, но мора да бидеме обединети. Така сме непобедливи“, вели Пике. .

На прашањето како ги поминува деновите во изолација, 33-годишниот Шпанец одговори: „Децата нè бркаат наоколу. Јас се обидувам да се извлечам од нив. Ние го поминуваме времето поинаку од вообичаеното, не тренирам, но правам вежби и се обидувам да останам во форма. Тоа не е лесно но мораме сите да ја надминеме оваа тешка ситуација“.

Слични содржини