Пирс Морган објави порака која му ја пратила Меган Маркл

Пирс морган ги шокираше гледачите кога вчера се присети на својот прв разговор со Меган Маркл.

Контроверзниот водител продолжи да ги критикува принцот Хари и Меган со цел да ја сподели пораката која наводно ја добил од војвотката преку Твитер во 2015 година.

Морган и предходно зборувал за неговото пријателство со Меган се додека не започна да ја критикува, а причината, според него, е тоа што таа му свртела грб кога влегла во кралското семејство.

На Твитер, со своите повеќе од 7,1 милион следачи, Морган ја сподели сликата од порака во која Меган му за заблагодарува за тоа што ја заследил и му вели дека е голем фан.

„Во посреќните времиња… Кога Меган прв пат ми се јави… Мислам дека е фер да се каже дека сега веројатно не е толкав фан“, напишал Пирс.

Најавата дека Меган Маркл и принцот Хари ќе се дистанцираат шокираше многумина, вклучувајќи го и Морган. Зборувајќи за кралската криза неодамна на своето шоу Good Morning Britan, Морган рекол дека парот го добил тоа што го сакал нарекувајќи ги размазени деришта кои ја уценуваат кралицата.

Слични содржини