Писонеро прекомандуван од тренер во асистент на Кокшаров

од Vladimir Zorba

По убедливиот пораз на домашен терен од Кил, кога ракометарите на Вардар постигнаа само четири гола за едно полувреме, сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко реши да направи промена на тренерската функција.

За прв тренер е назначен досегашниот спортски директор Едуард Кокшаров, а Шпанецот Давид Писонеро кој летово ја презеде клупата на „црвено-црните“ ќе биде негов асистент.
Кокшаров е човек од доверба на Самсоненко, и тој освен функцијата спортски директор во Вардар е селектор на руската репрезентација.

Првиот предизвик Кокшаров ќе го има на тешкото гостување во Унгарија против Веспрем во сабота во рамките на Лигата на шампиони.

Слични содржини