Платил МИЛИОН ФУНТИ ЗА АВТОРСКИ ПРАВА: Руни му се извини на семејството за фотографиите со девојките од хотелската соба

од Vladimir Zorba

Поранешниот англиски репрезентативец, а сега менаџер на Дерби Каунти, Вејн Руни (35), призна дека погрешил и јавно им се извини на сопругата Колин и четворицата синови, откако на интернет се појавија негови фотографии од хотелска соба, со три девојки што ги запознал во ноќен клуб, а на едната дури спие на стол додека го фотографираат.

– Погрешив, отидов на приватна забава со двајца пријатели и би сакал да им се извинам на моето семејство и на клубот за фотографиите што беа објавени претходните денови. Благодарен сум на Дерби Каунти што ми даде можност да го вратам клубот таму каде што припаѓа – рече Руни синоќа за „Скај Спортс њуз“.

За потсетување, поранешната sвезда на Манчестер Јунајтед ги поканил 21-годишните Брук Морган и Елиза Мелвин, и нивната пријателка Елеонор Хогарт, да му се придружат во ВИП кабината на ноќниот клуб „Chinawhte“ во Манчестер, а потоа ги поканил во хотел за забава после забава ..

Поминале неколку часа таму, но наводно без сексуален контакт. Наместо тоа, девојките сакале да се пошегуваат, па го фотографирале Руни како спие на стол, додека покрај него беше една од нив, само во долна облека. Тие ги споделија фотографиите на своите социјални мрежи, а кога таблоидите ги најдоа, Руни прво ги обвини девојките дека го уценуваат, а потоа, во договор со адвокатите, им плати милион фунти за да му ги продадат авторските права на спорните слики.

Тие сега се во сопственост на Вејн, што значи дека тој може да преземе правни мерки доколку ги користи печатот или социјалните мрежи. Неговиот портпарол рече дека девојките контактирале со адвокатите на Вејн и доброволно ги предале сите слики од таа вечер, како и авторските права на нив. Тој тврди дека се занеле, дека се пристојни девојки и дека жалат за се.

Само неколку часа подоцна, Руни јавно му се извини на семејството. Неговата сопруга Колин (35), која летува во Велс со своите деца, вчера изгледаше добро расположено. Колин е љубов од детството на Вејн, тие се венчаа во 2008 година и ги добија синовите Каи (11), Клеј (8), Кит (5) и Кас (3).

Како и да е, Руни ги следи стапките на својот идол, легендарниот Џорџ Бест, кој изјави дека половина од парите што ги заработил од фудбалот ги потрошил на жени, алкохол и коцкање, додека останатите биле потрошени „безврска“.

Слични содржини