Плус сајз моделот ја објави првата фотографија од синчето

Плус сајз манекенката Ешли Грејам пред повеќе од две недели го роди своето прво дете. Нејзиниот сопруг, Џастин Ервин и Ешли станаа родители на синот Ајзак, а Ешли сега за прв пат го покажа синчето.

Ешли, која доспеа на листата десет најплатени модели на денешницата, не може да ја крие среќата поради проширувањето на семејството.

„Се сеќавам кога прв пат го држев Ајзак и му реков на Џастин: ‘Сега сме семејство засекогаш’. Имам толку многу причини да бидам благодарна, целата љубов и поддршка од оваа неверојатна заедница, неверојатниот сопруг и прекрасното бебе кое ми ги отвори очите, покажувајќи ми колку е е неверојатен овој свет“, напишала Ешли во описот на семејната фотографија.

Детето го добило името Ајзак бидејќи неговиот татко, Џастин, додека бил во средно рекол дека еден ден неговото дете ќе се вика така.

Дека добија син, парот сподели на социјалните мрежи. Тие се во брак девет години, а ова им е прво дете.

Слични содржини