По двојното убиство во Љубљана, пронајдено тело на маж, најверојатно сторителот

од Vladimir Zorba

По престрелката во Љубљана во која беа убиени две лица, пронајдено е тело на машко лице за кое според досега собраните информации се претпоставува дека е извршител на овие убиства.

Како што претходно соопштија од љубљанската полициска управа, пукањето се случило околу 15.00 часот на подрачјето на Мост, а сторителот е во бегство.

Две лица загинале на лице место.

Последните информации од полицијата се дека недалеку од местото на злосторството е пронајдено машко тело, па се претпоставува дека тој е извршител на ова злосторство, објавија словенечките медиуми.

Очевидци за СТА изјавија дека жртвите биле во барот кога насилникот им се приближил. Тие се повлекле од терасата до детското игралиште кое се наоѓа веднаш до шанкот, а таму напаѓачот наводно извадил пиштол и пукал во нив.

Според локалните жители кои ги познавале жртвите, може да се работи за спор за долг, пренесува СТА.

Полицијата се уште не го открива мотивот за нападот.

Слични содржини