По Фејсбук статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, започна линчот врз новинарите на Телма

од Берта Китинска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера на својот  Фејсбук објави дека дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките режими.

„Утре требаше да гостувам на националната телевизија Телма. Бев известен дека уредништвото на телевизијата не е среќно да се чуе гласот на најголемата политичка партија. Гостувањето откажано. Причините може да се претпостават. Ова е само приказ за еден брутален недемократски атак кој има функција да го прикрие стравот на Заев и власта и да ја замолкне опозицијата. Три години измислуваат, констриураат, напаѓаат и лажат, а сега и ме цензурираат. Но тоа нема да ме спречи да продолжам да ја говорам вистината, да ги поддржувам новинарите кои ја сакаат вистината и да бидам на страна на народот. Некој сака земја во која нема опозиција. Но нема да престане да има луѓе кои мислат со своја глава. Најголем доказ дека власта е изгубена, ранлива и дезориентирана“, стои во статусот на Мицкоски.

По неговата објава следеше лавина  коментар  и навреди за новинарите и телевизија Телма.

 

Слични содржини