По Финска и Шведска, и во Австрија се слушаат гласини за влез во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

По одлуката на Финска и Шведска да влезат во НАТО, во Австрија се слушаат гласини за влез во таа воена алијанса.

Пратеникот на Неос Хелмут Брандштетер вели дека претседателот на Австрија Александар ван дер Белен треба да учи од Финците.

„Тој треба да сослуша како процесот на дискусија доведе до пристапување во НАТО. Не како кај нас, каде што канцеларката задушува таква дебата“, рече тој за весникот „Естерајх“.

Брандштетер смета дека дебатата за влез во НАТО во Австрија треба да се води отворено без одреден резултат.

„Сега е потребна нова безбедносна доктрина за Австрија. Членството во НАТО може да биде дел од таквата нова безбедносна структура“, рече тој.

Слични содржини